Македонската пејачка Ивона Јовановиќ која беше во „Ѕвездите на Гранд“ напиша моќна порака на Инстаграм со фотографија во бикини.
“Тој ден кога го облеков костимот за капење сфатив дека дефинитивно тежината не е таа која ме дефинира како човек. Тежината е само бројка која од тој ден решив воопшто и да не ја забележувам во бележниците. Па некој ден доколку сум покачила 200 грама да се казнувам. Не!
Повеќе не.
Сакам да живеам. Сакам слободно да се движам. Сакам да дишам слободно.
Кога излегов од пресоблекувалната и го облеков костимот велев на глас дека не можам да дишам. Мозокот ми се бореше и сигурно го прифаќаше фактот дека повеќе нема да може да контролира.
Готово крај е. Ова е крај на еден нов почеток.
Врвот всушност е секој ден!“- напиша Ивона на Инстаграм.