Скопјанка и нејзиниот партнер биле грабнати од тројца насилници, на кои таа наводно им била должна, информираше МВР.
Бо ПС Карпош, В.Р.(52) од Скопје пријавила дека таа и нејзиниот партнер С.С. биле малтретирани и присилно држани од лицата А.С., Е.Н. и Е.М. кои им одзеле и пари и накит откако таа не им платила за наводни лекови кои тие и ги набавиле и кои требало да ја подобрат нејзината здравствената состојба, велат од МВР.
Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и приведени се Е.К: (39) и А.С. (39) и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.