Почина четворогодишното девојче кое работници на едно градилишто го нашле затворено во прегреан автомобил во Ровинско Село во Хрватска.
Како што објави ИстраИН, девојчето починало како последица на топлотниот удар и дехидрација, поради што и се оштетиле виталните органи.
За потсетување, во четвртокот, во попладневните часови таткото го оставил девојчето во врелиот автомобил за да не ја буди, а не и пуштил ни клима. Ги затворил сите прозори за да не влегува прашина од блиското градилиште.
Како што информирале мештаните, девојчето во несвест го пронашле работниците, повикале Брза помош и било одведено во болницата во Риека.