СТАНАВМЕ СВЕТСКИ МАЈТАП: Заев цел час разговарал со лажните Столтенберг и Порошенко (АУДИО)

by Тони Зографски

Руските комичари Вован ( Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Столаров), објавија аудио снимка од телефонски разговори направени минатата година во август и оваа година во април со премиерот Зоран Заев . Тие се претставиле како тогашниот претседател на Украина, Пјотр Порошенко, а подоцна во разговорот го ,,вклучиле“ и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На крајот од аудио снимката е ,,понудена помош“ од Порошенко да посредува за МПЦ кај вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Заев ниту во еден момент не се сомнева дека не се вистинските личности за кои се претставиле комичарите и обилно ги известува за успесите на неговата надворешна политика, Преспанскиот договор, но и за односите со Русија, проблемот со Косово, односите Србија-Косово, и пошироко за проблемот на Украина со Крим и друго.

Исто така, Заев во детали ги информира комичарите за претстојниот референдум и за тоа кои земји во светот ја поддржуваат Македонија, а кои не.

Аудио снимката е објавена вчера на Јутјуб.

Двајцата руски комичари досега на ист начин ги ,,извозеле“ и украинскиот претседател Порошенко, Генералниот секретар на ОБСЕ , локални политичари и други јавни личности.

останати вести