Вчера на скопскиот аеродром пејачката Росана Сариќ- Тодоровска ја пречека сестрата близначка Маријана Новачевска која долги години живее во Австралија.
Маријана на нејзиниот Фејсбук профил објави фотографија од скопскиот аеродром, во прегратка со најблиските.
Последен пат, Маријана во Скопје беше на свадбата на нејзината внука Ивана, ќерката на Росана и на актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче.
Инаку, Маријана неодамна на Фејсбук профил објави фотографија со ќерката, со синот и со снаата.
„ Некои велат свекрва и снаа, а некои све крива и снаа. Како и да е, убавина е“, напиша Маријана под фотографијата со снаата Анастасиа, сопругата на нејзиниот син Филип.