Девојчето Х.Т.(4) се удави во базенот на дворот на куќата каде што живеело. Трагедијата се случила о во селото Омољица во општината Панчево.
Како што дознава курир.рс, девојчето цел ден играло околу базенот и ги полнело со водата играчките, но не се капело. За време на играта девојчето паднало во базенот со димензии 4 на 2 метри, кој бил длабок само 65 саниметри.
Родителите забележале дека детето го нема и почнале да го бараат низ дворот, но го нашле паднато во гумениот базен.
На местото на несреќата набрзо стигнала екипа на Брзата помош и лекарите се обиделе да го реанимираат девојчето, но и немало спас.
Обдукцијата ќе покаже која е вистинската причина за смртта.