Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Тироидната жлезда е мала жлезда како пеперутка сместена напред на базата на вратот. Произведува хормони, тријодтиронин (Т3) и тироксин (Т4) кои влијаат на метаболизмот и виталните функции.
Хипотироидизам (помалку активна тироидна жлезда) е состојба кога жлездата не продуцира доволно хормони. Знаците и симптомите варираат во зависност од тежината на недостаток на хормоните. Проблемите може да се јавуваат полека, постепено.
Најчеста причина за хипотироидизам е автоимунатата болест Хашимото тироидитис. Автоимуни болести се јавуваат кога поради комбинација на фактори, генетски и од околината, имуниот систем создава антитела кои ги напаѓаат сопствените ткива.
Преголем одговор на терапија за хипертироидизам исто така може да доведе до хипотироидизам. Пациенти со хипертироидизам (кога се содаваат многу тироидни хормони) се третираат со антитироидни лекарства и со радиоактивен јод. Цел на третманот е да се стави под контрола функцијата на тироидната жлезда. Но некогаш корекцијата може да доведе до намалување на создавање на тироидни хормони и хипотироидизам.
Останати причини за хипотироидизам сеː операција на тироидна жлезда, зрачна терапија (третман на канцер на врат или глава), лекови (литиум, во тек на неколку).
Секој може да развие хипотироидизам но со поголем ризик се: женски пол, возраст над 60 години, фамилијарна историја за тироидни болести, веќе постоечка автоимуна болест, зрачна терапија, парцијална тироидектомија.
Во раните стадиуми може да нема забележливи симптоми. Со тек на време, како метаболизмот продолжува да се успорува, се јавуваат здравствени проблеми, гојазност, постојан замор, студ, болки во мускули и зглобови, неможност да се намали тежината, кршливи коса и нокти, бледа и сува кожа, надуено лице, срцева болест.
Лицата над 60 години може да имаат класични симптоми на хипотироидизам, додека други немаат исти симптоми како и помладите. Тоа ја прави дијагнозата потешка.
Болка во зглобови и мускули од нејасно потекло е класичен симптом на хипотироидизам. Генерализирана болка во мускулите се јавува особено во големите групи на мускули како нозете.
Промените во цревната перисталтика водат до опстипација бидејќи цревата побавно се движат.
Необјасниво високо ниво на холестерол – наод на висок холестерол бара евалуација на работата на тироидната жлезда. Кај постарите високо ниво на холестерол може да е единствен знак за хипотироидизам.
Срцева слабост е сериозна состојба која се јавува кога срцето не пумпа доволно крв низ телото. Намален срцев волумен, слаби контрации на срцевиот мускул, побавна работа на срцето може да се предизвикани од ниско ниво на тироидни хормони. Крвта заостнува во вените, во белите дробови и се јавува краток здив, отоци на стапала, потколеници, слабост.
Ментални проблеми, депресија, успорување на менталното функционирање, потешкотии со помнењето, загуба на меморијата.
Периферна невропатија, болка, вкочанетост, трпки, чувство на боцкање.
Проблеми со рамнотежата се јавуваат поради проблеми во малиот мозок (церебелум, регион во задниот дел од мозокот вклучен во контрола на моториката). Ова создадава проблеми при одењето.
Гуша. Постојана стимулација на тироидната жлезда да ослободува повеќе хормони води до зголемување на жлездата – состојба позната како гуша. Голема гуша предизвикува пробеми со дишењето и голтањето.
Микседем. Ретка, животно загрозувачка состојба кај долготраен, недијагностициран хипотироидизам – силна интолеранција на ладно и поспаност следени со длабока летаргија и несвесност.