Блага Петреска низ годините се соочувала со тешки животни предизвици. Била многу млада кога починал нејзиниот сопруг и никогаш повторно не се омажила.
„Мене ми се случи вистинската љубов и две деца од истата. Кога останав сама решив да ни ги повредам моите деца затоа што го сакаа многу својот татко. Сите тројца седнавме и се договоривме дека јас ќе работам и хонорарно да не им недостига ништо, а тие да учат, да завршат факултет“ вели Блага и додава:
“Децата се гордеат со мене и јас со нив. Мојот син, веќе сите го познавате, е извонреден професор, диригент и среќно оженет со исто така извонредна вилионистка со потекло од Русија која сега е права Македонка. Ќерката и зетот исто така среќни живеат во странство. Имам три внуки и еден внук. Што друго би посакала“ раскажува Петреска за „Свет Австралија“.