Хрватскиот музичар Лука Шулиќ од инструменталното дуо “Ту челос“ неодамна стана татко на Хана, која е негово второ дете.
-Нашата мала принцеза Хана се роди. Јас и Тамара сме многу горди на својата принцеза, која не изненади откако дојде на свет две недели пред очекуваниот датум. Штета што поради службен престој во Рим не присуствував на пороѓајот, но мојата сопруга ми рече: “Подобро краток и брз пороѓај без тебе, отколку долг и тежок со тебе до мене“ – рече Лука.
Тој сега на својот Инстаграм профил постави форографија како ја држи ќерка си, а под неа напиша:
-Мојата ќерка, мојот свет – напиша Лука.
https://www.instagram.com/p/Bzi9jcRn3Q8/?utm_source=ig_web_button_share_sheet