Младиот сплитски глумец Јосип Браовац почина на 31 година. Браовац почина многу млад, по тешкото боледување од карцином, последните неколку месеци. Тојна социјалните мрежи постојано ги известуваше пријателите и неговите фанови за својата здравствена состојба.
Јосип на публиката и е познат по улогата на Дамир од втората сезона на популарната серија „Ружа вјетрова“.
Тој е татко на петгодишниот Бруно. Јосип во медиумите најпрво се појави во музички спотови, а се прослави откако се појави заедно со групата Магазин.
На социјалните мрежи неговите пријатели и колеги се простуваат од актерот кој прерано замина.