Ноќеска се случила несекојдневна случка во Крагуевац. Имено, жена му на еден неверен крагуевчанец ноќеска му го запалила автомобилот во моментот додека тој во него бил со љубовницата, – пишува Курир.рс.
Се се случило на патот кон една приградска населба кој бил позната по “љубовни излети“.
-Жената го следела мажот, откако претходно купила три литра бензин. Чекала да започнат со “акција“ и во моментот на најголемиот занес автомобилот го полила со бензин и го запалила. За среќе немало повредени – вели изворот.
Инаку, поради срам овој случај не бил пријавен во тамошната полиција.