Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан се ослободуваат од обвинение во случајот “Тревник”. Тројцата беа прогласени за виновни за бесправно градење.
Според судијката Марија Клетничка обвинетите браќа се ослободуваат од обвинение за бесправо градење, односно не се виновни, бидејќи како што рече не сториле кривично дело според закон.
Браќата се гонеа од СЈО за градење на три викенд куќи во Зелениково, кои според обвинителството почнале да ги градат во 2011 година, а одобренијата за градба ги добиле во 2013 година.
Инаку, на Латас и на неговите браќа, според кривичното дело за кое беа обвинети им се закануваше казна затвор од три до осум години.