ГЛУМИЦАТА СЕКОГАШ УБАВА: Шерон Стоун ги поздравуваше папараците со подигнати два прста (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската глумица Шерон Стоун иако во март наполни 61 години, и натаму изгледа фантастично. И во седмата деценија од животот таа и натаму ја носи титулата – една од најубавите и најзгодни жени на светот.
Плавокосата убавица е фотографирана во лежерна летна варијанта на Беверли Хилс, додека излегувала од автомобилот, на воодушевување на минувачите кои ја препознале.  Таа била облечена во широка маица и сукња која ги истакнала нејзините витки нозе. Шерон наместо шминка носела наочари за сонце.

Таа била расположена, па во еден момент папараците ги поздравила со подигнати два прста.

останати вести