Прегазено девојче на велосипед во Битола

by Тони Зографски

Дваесет и четиригодишно момче со автомобил удрило во 11-годишно девојче кое било на велосипед.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила на крстосница од улиците Билбил камен и Кирил Вангелов во Битола.  М.А.(24) управувајќи автомобил „форд ескорт“, удрил во велосипед управуван од 11-годишно девојче.

Велосипедистката била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола

 

останати вести