Откако се смири со бившиот дечко, милијардерот Садет Саран, пејачката Емина Јаховиќ е на маки. Нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал сака да ги и земе децата откако тие многу сс зближиле со дечкото на Емина.
-Мустафа на почетокот на врската не сакаше ништо да коментира, но откако нивните деца Јавуз и Јаман почнале нон стоп да зборуваат за Садет и да уживаат на неговата јахта, тој последниот пат кога тие биле кај него, не сакал да ги врати. Не се јавувал на телефон, па настанал вистински хаос. Подоцна откако се заканила дека ќе повика полиција, Мустафа ги вратил децата, под услов да не ги носи кај нејзиниот дечко -вели извор близок до пејачката кој додава:
-Емина пред неколку месеци се пресели во европскиот дел на Истанбул само да биде поблиску до својот дечко. Што ќе биде од оваа драма никој не знае, но Мустафа е сериозен во заканите да ги земе децата да живеат кај него.