Овен (21.03 – 20.04)
Верувате дека сте во состојба да се организирате како што треба кога станува збор за работа која сакате што побрзо да ја завршите бидејќи размислувањето за тоа ви е прилично стресно. Имате впечаток дека ве игнорира еден Јарец или некој Рак со кој немате толку добра комуникација каква што сакате.
Бик (21.04 – 21.05)
Можеби денес ќе ве огрее некаква среќа што се однесува до парите, можеби тоа ќе биде платата или пак некои ветени средства што сте ги очекувале одамна. Можеби тие ќе бидат и од друго место, сосема неочекувано, но не и изненадувачки. Уживајте во средствата но не ги трошете сите, ставете некој денар на страна.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Доволно долго размислувавте што и како да сторите. Денес направете го првиот чекор преку конкретни дејствија. Преземете малку повеќе ризик од вообичаено. Луѓето околу вас денес ќе влијаат не само на вашето расположение, туку и на начинот на кој што размислувате. Не дозволувајте мнозинството да ви наметне мислење кое вие не го прифаќате.
Рак (22.06 – 22.07)
Интересот ќе ви биде насочен кон нештата за кои најмногу се залагате, а тоа се односи, релации, контакти. И овој ден, можеби, ќе бидете задоволни од тоа како ве третираат околината, луѓето, познати и непознати, но би требало да се прашате за кого, всушност, живеете и работите, дали за другите или за оние што ги сакате.
Лав (23.07 – 22.08)
Наскоро следува сериозно преиспитување поврзано со вашите постигнати резултати. Мора да бидете јаки за да се соочите со тоа. Својата доминација ќе и ја наметнувате на околината. Од случувањата извлечете максимум, но не задоволувајте се само со тоа. Послушајте го советот на некој Бик, и не ја изневерувајте довербата на некој Рак.
Девица (23.08 – 22.09)
Можеби во текот на претпладневните часови ќе бидете соочени со некои неочекувани проблеми. Брзањето при донесувањето на одлуки нема поволно да се одрази на вашата работа и на организацијата на вашиот живот. За совет од било кој вид во попладневните часови обратете се кај женско лице во знакот на Рак или Вага.
Вага (23.09 – 22.10)
Напорен ден бидејќи имате премногу обврски или сте уморни. Некој се обидува да ви ги наметне своите желби или своите планови. Меркур, владетелот на вашиот знак се движи кон Риби што ве прави нетрпеливи. Не се откажувајте од желбата еден Рак да го убедите дека треба да ве послуша за некои важни прашања. Акцијата меѓу Месечината и Сатурн може да ве направи прилично неспокојни.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Сатурн негативно влијае на оние кои не се подготвени на било каква критика. Имате голема потреба да направите нешто по ваше, а многумина ќе се обидат да ве натераат да ги послушате нив. Ве нервира фактот дека би требало да работите како што другите сметаат, како вашиот интегритет да се нарушен со тоа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Во исчекување сте нешто да се случи и се обидувате да владеете со себе и ситуацијата во која се наоѓате да ја гледате од комичен агол. Не можете да се снајдете во нешто што од вас бара добра концентрација. Планирате да ги изненадите Близнаците или Девицата со своите идеи кои се однесуваат на некои недвижнини или приватен бизнис.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес сте импулсивни но не во лоша смисла, освен ако некој не ве допре во слабата точка. Тоа би можеле да го направат Девица или некој друг Јарец и тоа тенденциозно. Кратките патувања или состаноци можат да бидат причина за стрес и нервоза. Во љубовта сте дарежливи. Еден Лав или некој друг Овен имаат големо влијание врз вас.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ве притискаат бројни грижи и се обидувате да ги решите на наједноставен начин. Ќе ви понуди помош некој кој ви е многу близок, можеби соработник или личност која ви е многу драга. Би можеле да добиете поволна вест во врска со пари или заработка во некоја работа со странци.
Риби (20.02 – 20.03)
На кавгите во вашата околина им нема крај, пробајте да најдете конечно решение за тие да не се повторуваат секојдневно. Голема е веројатноста да кажете нешто за кое долго време ќе жалите. Гласно потенцирајте дека ви е потребен мир и држете се колку што можете понастрана од провокатори на бесмислени расправии. Некој пријател од минатото ќе ви го разубави денот.