Поранешниот македонски поп-пејач Дарко Илиевски кој живее на Флорида, на својот Инстаграм профил се пофали дека со сопругата Ивана чекаат бебе.
Тој со фотографија направена на една од плажите на Флорида откри дека ќе добие син.
-Најубаво чувсто на светот е кога секој ден те гледам како растеш. Растеш едно мало човече кое ќе биде наследник, плод на нашата љубов. Прво па машко. Ве сакам срциња мои, – напиша Дарко на својот профил на Инстаграм.
Инаку, Дарко и Ивана се венчаа во октомври 2016 година и се преселија на Флорида каде со години живее таткото на невестата, познатиот ДЈ Славе Келешовски, кој трипати беше избран за најдобар диџеј во Југославија.
https://www.instagram.com/p/BzTgkmjl6qK/?utm_source=ig_web_button_share_sheet