Две лица на 20 и 22 годишна возраст се под истражна постапка поради разбојништво извршено на 18 јуни и 21 јуни во Скопје.
Осомничените на 18 јуни, во зграда на булеварот ВМРО во Скопје, биле заедно затечени во кражба, при што употребиле сила кон една оштетена и од неа одзеле два паричници во кои имало вкупно 700 денари, кредитни картички и лични документи. Имено, тие ја забележале оштетената како се движи кон зградата и побарале ситни пари од неа. Откако не им дала, влегле заедно со неа во лифтот и се обиделе да и го одземат паричникот. Притоа, ја притиснале и со употреба на сила и ги извадиле паричниците од чантата, ја оттурнале и избегале.
На 21 јуни, на истото место и речиси на идентичен начин, следеле оштетена која завршила со пазарување и се враќала кон зградата. Кога влегла во влезот, ја задржале вратата и влегле по неа. Пред лифтот и пришле и со употреба на сила ја турнале и ја удриле по главата, по што и го одзеле паричникот во кој се наоѓале 4.000 денари, кредитни картички и лични документи. Со одземените предмети го напуштиле местото.