Јане Велковски и уште седум други деца кој боледуваат од спинална мускулна атрофија (СМА) го добија потребниот лек спинраза што ќе им ја подобри здравствената состојба и ќе овозможи подобар живот. Овој лек, исто така дава надеж дека тие повторно ќе можат да одат.
Министерот Филипче вели дека лекот е од новата генерација на лекови за спинална мускулна дистрофија и ќе го добијат луѓето со оваа состојба.
Јане ова лето ќе наполни 11 години, период за кој како што вели ја научил суровоста на животот, но и животната лекција дека упорноста и волјата може да бидат виза за подобра иднина.
Инаку, тој стана популарен кога за прв пат се појави како придружба на репрезентацијата на Македонија на квалификацискиот натпревар против Шпанија во јуни. УЕФА пак промовираше видео спот од проектот „Ељуал гаме“, кој започнува токму со Јане, откако тој веќе подолго време е заштитен знак на Европската фудбалска централа. Во спотот, освен Јане се појавуваат и светски фудабалски ѕвезди како Роналдо, Меси и Погба. Видеото започнува со гласот на Јане кој е голман, на неговото маалско игралиште во населбата Хром, со маалските другари.