ПО 13 ГОДИНИ БРАК: Се разведе Перо Антиќ (ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешниот македонскиот кошаркарски репрезентативец и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на земјава, Перо Антиќ, и неговата сопруга Ружица, не се повеќе во брак, дознава „Женски Магазин“.

Ружица која е основач и главен и одговорен уредник на магазинот „Портрет“, на „Инстаграм“ веќе го промени и презимето.

– Разводот е веќе официјализиран, а по 13 години заедница, остануваат во коректни односи поради трите сина – открија блиски пријатели на познатата двојка за Женски Магазин.

Инаку, Перо и Ружица беа 13 години во брак и имаат три деца, Лука,Павел и Петар.

останати вести