Таткото на српската пејачка Наташа Беквалац и познатиот фудбалски тренер кој еден период го водеше Работнички, Драгољуб Беквалац (66) доживеал срцев удар поради што бил хоспитализиран во болница во Нови Сад.
За среќа удар не бил многу силен, а по девет дена престој во болница му биле вградени и два стента, по што неговото здравје започнало да се подобрува.
-Не коментирам работи од приватниот живот, особено за моето семејство, ниту за својот приватен живот, – вели Наташа за српските медиуми.
Здравствената состојба на нејзиниот татко ја извадил од колосек пејачката и и ги пореметиле плановите и приоритетите, вели извор близок до пејачката.