Ќерката на пејачот Жељко Шашиќ израсна во вистинска убавица. Девојчето пред пет години беше актуелно бидејќи го прекина односот со татко и и го зеде презимето на тогашниот маж на мајка и Соња, Аца Лукас.
Денеска работите се сосема поинакви. Жељко и Софија ги поправија односите, но пејачот вели дека сеуште работите не се како што треба.
-Помеѓу нас не е се ок. Но, состојбата е многу подобро отколку пред пет години. Најважно во моментов е што Софија не е во кавга со својот татко – изјави Жељко.
Инаку, Софија работи како модна креаторка, има и своја модна линија, а на Инстаграм има повеќе од100.000 следбеници. Порано медимите ја врзуваат со Виктор Живоиновиќ, синот на Лепа Брена, а денеска наводно во нејзиниот живот е пејачот МС Стојан.