Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Уринарната опструкција е последица на пречка (структурна или функционална) на протокот на урината надвор од телото. Функционална или анатомска опструкција на протокот на урина може да се јави на било кое ниво од уринарниот тракт. Опструктивна нефропатија се јавува кога опструкцијата предизвикува оштетување на бубрегот. Хидронефрозата, кога има “вода во внатрешноста на бубрезите,” води до дистензија и дилатација на бубрежното легенче или каликсите. Од 20- 60 год. почесто се јавува кај жени, а >60 год. почесто е кај мажи.
Класификација
Според причината може да е конгенитална и аквирирана.
Според времетраењето може да е акутна и хронична.
Според степенот може да биде парцијална или комплетна.
Според нивото може да биде на ниво на горен УТ или на долен УТ.
Може да биде интралуминална, интрамурална и екстралуминална.
Може да е унилатерална или билатерална.
Може да е механичка или немеханичка (функционална, дилатација без опструкција).
Можни причини за Опструктивна нефропатија
Ренални
– конгенитални (Полицистични бубрези, Ренални цисти, Фиброзна опструкција на уретеропелвичната јункција, Аберентен крвен сад на уретеропелвичната јункција)
– неоплазми
– инфламации
– калкули
– мешани (некротични папили, траума, аневризма на ренална артерија).
Уретер
- конгенитални (стриктура, уретероцела, уретеровезикален рефлукс, валвула на уретра, ектопичен уретер)
- неоплазми
- инфламации
- мешани (ретроперитонеална фиброза, аневризма на аорта, радијациона терапија, траума, бременост).
Уровезика и Уретра
- конгенитални (валвула на задна уретра, фимоза, стриктура на уретра, хипоспадија и еписпадија)
- неоплазми (карцином на уровезика, на простата, на уретра, на пенис)
- инфламации (простатитис).
Мешани – Бенигна хипетрофија на простата, Неурогена уровезика.
Симптомите и знаците зависат од тоа каква е хидронефрозата – унилатерална, билатерална или интермитентна.
Болката е најчест симптом.
Акутната опструкција оди со силна болка или нагло намалување на урината.
Хроничната опструкција дава подмолна, досадна болка, чувство на тежина, може да нема специфични симптоми.
Променет е актот на уринирање.
Акутна и хронична бубрежна слабост
Хематтурија
Рекурентни УТИ
Клиничките одлики зависат од причината. При опструкција со калкул се јавува ренална колика и хематурија.
Опструкција на долен уринарен тракт
- Опструктивни симптоми – слаб млаз, колебливост, интермитентност, капење, напрегање за да се мокри
- Иритативни симптоми – честота, ургентност, ноктурија, дизурија, ургентна инконтиненција.
Континуираната опструкција води до прогресивно пропаѓање на бубрежното ткиво. Така опструктивната уропатија води до опструктивна нефропатија.
Опструкцијата води до прогресивни и перманентни промени во бубрегот (биохемиски, имунолошки, хемодинамски и функционални).
Степенот на опструкција, возраста на пациентот и базалната бубрежна функција влијаат на шансите за опоравување.
Опоравувањето на бубрегот зависи од времетраењето и степенот на опструкцијата.
По 3-6 недели на комплетна опструкција, функцијата на опструраниот бубрег иреверзибилно е оштетена.
Реналната ултрасонографија е добар почетен скрининг тест, сигурна е кај беремени и деца, нема потреба од контраст.
Рано откривање и третман се клучни за спречување на бубрежната загуба.