БРУКА И СРАМОТА: Холивудски глумец ограбен во Белград (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудскиот глумец од српско потекло Џек Димиќ за првпат гостувал во Србија со монодрамата „Еј, животе“ и иако ја наполнил салата со публика, ова искуство нема да го памети по добро.

Во текот на претставата некој од гардеробата му ги украл сите пари, личните документи и мобилниот телефон. Актерот, кој оваа претстава ја одиграл и во Њујорк, Чикаго, Бостон и Лос Анџелес, бил крајно разочаран и иако планирал уште неколку репризи поради интересот на публиката, сега ништо од тоа нема да се случи.

Веднаш била повикана полиција, а актерот бил видно вознемирен што првпат настапува пред својот народ, но исто така првпат е и ограбен за време на настапот.

-Него не му е до парите. Беше воодушевен што по 30 години повторно настапува во Белград, а сега е во депресија. Најмногу му е криво за телефонот во кој имаше многу контакти – изјавила неговата пријателка Јелица Ковачевиќ.

Инаку, полицијата и понатаму ги бара сторителите на ова дело.

останати вести