Спортските коментатори Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, од „Арена Спорт“ телевизија, станаа вистински херои заедно со ракометарите на Вардар. Со своите коментари од Келн во кои отворено навиваа за европските шампиони ги здобија симпатиите на целокупната македонска јавност.
Во еден шеговит разговор тие опишаа колку биле „бомбардирани“ од Македонците на социјалните мрежи, а во шега побараа ајвар, стан во Охрид и македонско државјанство.
– Првата ставка исполнета, пристигна ајварот, – напиша на неговиот профил на Фејсбук, Сретен Рашковиќ.