Музичарот Зоран Џорлев и неговата сопруга Офелија денеска слават 26 години заеднички живот.
“Денешен ден пред 26 години беше ден недела….. Тој ден си се заветивме пред себе и пред бога“, – напиша Џорлев на неговиот профил на „Фејсбук“ споделувајќи со фановите впечатлив колаж од семејни фотографии.
Инаку, Зоран ја запознал Офелија на нејзината апсолвентска вечер во „Кајак-клуб“ во Градскиот парк. Таа вечер случајно навратил таму со своето друштво од оркестарот на Операта. Истата година се вериле, а свадбата ја направиле следното лето.
Зоран и Офелија ги имаат синовите Наско и Мартин.