За претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, следува афера каква што Балканот досега не видел, пишува index.hr
Се започнало со интервју на Владимир Шекс, кој дал бомбастична изјава за претседателката Колинда, на која краток временски период и бил советник. Тој во интервјуто зборува за компромитирачки материјали, поврзани со претседателката Колинда.
– Веќе неколку месеци излегуваат лажни вести во врска со компромитирачки материјали. Не знам дали постојат – вели Шекс во интервјуто.
На прашањето, кој би сакал да се објават таквите компромитирачки материјали, Шекс одговара:
– Оние кои таа ги шутна.
Причините хрватските медиуми ги лоцираат во фактот дека агенцијата за разузнавање го има прислушувано и следено Здравко Мамиќ, инаку еден од најголемите донатори на ХДЗ, и организатор на претседателската роденденска забава во 2015 година. Наводно, има видеоснимка на која Мамиќ во транс паѓа пред Колинда на колена, а таа со подигнати раце игра околу него. Во позадина се слуша гласот на Митар Мириќ “ Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“. Токму тоа треба да биде матерјалот со кој ќе се компромитира хрватската претседателка.