Хрватската пејачка Нина Бадриќ зад себе има долга врска и еден пропаднат брак, но сеуште се нема остварено како мајка. Сепак, Нина искрено стави на знаење дека се надева дека тоа набргу ќе се случи, но и дека сака да посвои дете.
-Мислам дека секоја жена посакува да биде мајка, но кога ќе помине времето, почнуваш на тој исконски нагон поинаку да гледаш. Сакам да посвојам дете, бидејќи можам многу да му пружам. За носење таква одлука човек треба да биде сериозен и одговорен. Но, од друга страна не знаеш што носи животот. Познавам мајки кои мајчинството ги има изненадено на подоцнежни години, кога мислеле дека такво нешто нема шанса да се случи – изјавила Нина која претходно шест години беше во брак со Бернард Красниќ.
– Тоа беше младешка љубов. Кога сте млади ве влече хемијата и се ви е слатко. За заеднички живот треба партнер кој те разбира и почитува, а мене многу ми е важна и смислата за хумот – вели хрватската пејачка.