Сопственик на барот на плажа „Самер саншајн“ во Неа Ираклијана, на Халкидики, Теодорос Теодоридис по потпишувањето на Преспанскиот договор ставил лозинка „Македонија е грчка“ за безжичната мрежа.
Газдата на барот ја пренесува и реакцијата на македонски туристи.
„Малку им изгледа чудно, но, едноставно, ја внесуваат лозинката и не велат ништо“, објаснува тој и додава:
„Не ми е гајле дали ќе ги донесе овие луѓе повторно во мојот бар, бидејќи, за разлика од сите други, тие само земаат лежалки за две евра и седат цел ден“, порача Теодоридис.