Овен (21.03 – 20.04)
Чувствувате дека многу работи погрешно сте ги направиле. Не се затворајте во себе, преземете акција и поправете ги. Обидете се да се релаксирате со омилената музика. Во попладневните часови некоја блиска личност ќе ве повика на задничко уживање.
Бик (21.04 – 21.05)
Гледајте на животот со порозеви очила, не е се така црно, доколку немате пари или пак сопствен стан не значи дека е крај на светот. Потребно е да научите дека материјалните работи можеби ќе ви донесат безбедност, но не ви носат среќа. Кога ќе се задоволите со тоа што го имате, ќе ја почувствувате среќата.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Потребно е посериозно да се залагате за нештата во животот. Доколку работата не ви се допаѓа не молчете и пронајдете нова. Во тоа може да ви помогне една блиска личност, а следниот период е поволен за развој на кариерата, па така ќе ви бидат овозможени убави шанси.
Рак (22.06 – 22.07)
Некоја мала работа го израдувала вашето срце, па вие конечно сте сфатиле дека среќата е во малите нешта. Не и префлувајте на околината за постапките, секој си има своја причина за потезите кои ги прави. За да ја зајакнете финансиската страна, потребно е да ги намалите трошоците.
Лав (23.07 – 22.08)
Депресијата никако да замине од вас, но вие сте виновни. Се чувствувате демотивирано и напуштено, а сето тоа води до нестабилност на психичката состојба. Некој од околината ќе се обиде да ви помогне, но не е сигурно дека вашата гордост која нема темели ќе го дозволи тоа.
Девица (23.08 – 22.09)
Овој период ќе се забавувате и ќе го планирате вашето патување, односно годишниот одмор. Ќе пресметувате колку пари ви се потребни, па можно е и да увидите дека апетитите ви биле многу големи а финансиската страна слаба. Не се нервирајте, лесно ќе го решите тоа, сепак не е одлучувајте да се задолжувате.
Вага (23.09 – 22.10)
Имате големи замисли, планови, проекти, но ви фали контакт со лица на повисоки позиции. Некој пријател од детството ќе ви помогне да извршите некоја задача која ќе ви донесе профит. Доколку имате свој бизнис и свои вработени, однесувајте се коректно со нив, бидејќи ќе дојдат да ви ја кажат вистината во лице, а тоа за вас нема да биде поволно.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Проблематичан период во кој само позитивата ќе ви помогне да излезете од дупка. Нека не ве совладуваат емоциите кон лицата кои веќе сте ги загубиле. Се обидувате постојано да вратите некои нешта во вашиот живот, но доколку тие заминале, всушност не ни биле ваши.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Енергично ќе планирате и инвесирате во нешто за кое сте сигурни дека ќе ви донесе убави резултати. Семејството ќе ви помогне во голема мера. Некој поранешен пријател ќе се појави колку само да ви направи проблем, но вие успешно ќе се снајдете.
Јарец (22.12 – 20.01)
Некаква промена во вашиот дом ќе ве вознемири, малку ќе ве натажи но сепак потребно е да се соочите со реалноста. Во овој ден испланирајте да го посетите вашето омилено место со пријателите и партнерот. Не се навраќајте на спомените, планирајте ја иднината.
Водолија (21.01 – 19.02)
Мали промени во вашата деловна средина, кои на вас позитивно ќе влијаат. Ќе мора понапорно да работите, но тоа ќе ви се исплати. Внимавајте и доволно да одморате и погрижете се повеќе да внимавате на здравјето, односно исхраната. Релаксирајте се со спорт.
Риби (20.02 – 20.03)
Период во кој е потребно да направите муабет самите со себе. Одлучете во која насока ќе се движите, кој е вашиот стил. Стационирајте се на едно место и не го менувајте мислењето постојано. Во семејството ќе се случат промени поради кои ќе мора да го намалите комфорот и да се ангажирате повеќе за други работи.