Нешто слично како претседателот Стево Пендаровски, и премиерот Зоран Заев леташе со економска класа на летот за Виена на средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.
Патниците во авионот направија селфи со Заев и неговата придружба.
Премиерот Зоран Заев во своето обраќање на последниот ден од тридневниот Форум Европа -Вахау, кој се одржа во Австрија изјави дека Македонија не бара веднаш да стане членка на Европската Унија, но сака по сите вложени напори да ѝ се овозможи отворање на претпристапните преговори.
Фото:1ТВ