Пред неколку дена Кире Лазаров со нашата репрезентација во ракомет издвојува тешка, но многу значајна победа во Турција со која буквално си го трасираа патот за претстојното Европско првенство. Утре, во Струмица, од 18 часот репрезентативците го играат последниот натпревар против Грција за да ја потврдат првата позиција во квалификациската група.
И покрај згуснатиот распоред Кире најде време да поразговара со тимот на „Ексклузив“ на неколку актуелни теми. Покрај спортските теми, тој зборуваше и околу плановите за ова лето, а откри и дека добива непристојни понуди.