Турчинот Чарги Тортоп кој брутално ја претепа српската манекенка Тања Ѓукиќ зад себи има подолго досие со прекршоци.
“Прво, Тортоп поради удирање на пациентка доживотно ја загубил лиценцата да работи како психолог“, вели извор за блиц, рс и додава:
“ Јасно е дека Тања ја претепа непресметлива личност. Турчинот ја загуби лиценцата, а претходно поради тепачка бил депортиран од Литванија каде што претходно живеел и работел. Тој човек ќе убие некого, а тоа како никого да не го интересира“.
Инаку, пред две недели дена Чарги Тортоп брутално ја претепа Тања Дукиќ, која во последните неколку години работела како манекенка во Турција. Насилникот и нанесе модринки по целото тело, а инцидентот се случил во нивниот стан во населбата Ортакој во Истанбул, а мотив најверојатно била неговата патолошка љубомора. Таа самата го пријавила насилникот во полиција, а на тамошните медиуми им објаснила дека тие двајца се наоѓале во емотивна врска во последните две години, како и тоа дека живеат заедно.
– Злоставувањето се случи на втори јуни после кавга која изби некаде околу 20.00 часот. Дечко ми ме пречека после едно снимање, а штом влегов во кола почна расправија предизвикана од неговата љубомора. Откако стигнавме дома тој почна ѕверски да ме удира и да ме шутира. Го молев да престане, но тој упорно продолжуваше да ме удира каде ќе стигне – раскажала Тања која моментално е во Србија и која живее во страв по заканите од Турчинот.