Дечко кој се викал Дени ја частел пијалок во ноќен бар болничарката Кло Метјус (20). Тие добро се забавувале, па Кло му го дала телефонскиот број да се видат уште еднаш. Но, се случило нешто неочекувано.
Наместо, да ја повика уште еднаш да излезат, Дени и ја пратил сметката за пијалокот кој ја частел.
-Добро, ќе можеш ли да ми префрлиш пари за пијалокот кој ти го платив минатата ноќ. Бидејќи не отидовме заедно во кревет, тоа беше изгубено време за мене – напишал тој на Твитер.
Кло била шокирана и се пошегувала дека после ова и дефинитивно престанува да излегува. Токму тој твит доби 60.000 лајкови и повеќе илјади коментари.
“Сигурно е ова шега? Зар светот спадна на ова?“, “Земи фактурирај му за изгубеното време со него“, беа дел од коментарите.