Вистински скандал се случил во Прилеп, откако македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски со семејството беше избркан од еден од градските ресторани во градот каде што е роден.
Наводно, Алиоски со еден од братучедите влегол во еден од прилепски ресторан, по што направиле нарачка. Кога дошло неговото семејство, вработените ги чуле дека разговараат на албански јазик, во случајов мајчин јазик на неговото семејство, па решиле да им кажат дека мора да заминат.
Фудбалерот бил фрапиран од односот на вработените кон него, со оглед дека е македонски репрезентативец и игра во дрес со државниот грб, а откако тие сфатиле кого го избркале, веќе било доцна.