Популарниот актер Кирил Поп Христов – Кили, вчера стана дедо. Се породи неговата ќерка Јоана која заедно со својот маж Родригез Сориа Хосе Луис живее во Еквадор. Ќерката на Кили од бракот со сопругата Гордана, роди момче кое ќе го носи името Аниш Круз Родригез Деан.
И како што е налага обичајот таткото треба да почести со мекици.
Според фотката поставена на социјалните мрежи заменик министер за култура и актер Владимир Лазовски прв ги нападнал“ мекиците на Кили.
„Деда Кили, нека е живо и здраво и постојано весело. Те сакаме“ – му порача Лазовски на среќниот дедо.
Извор: вистина. мк