Хрватското инструментално дуо “Ту челос“ и дефинитивно се распадна. Нивните членови Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер подготвуваат нови албуми.
-Стјепан и Лука подготвуваа нови албими. Лука во Рим, а Стјепан во Лондон и се одлучија да продолжат со соло кариера -вели извор близок до двајцата музичари.
„Веќе осум години свириме како “Ту челос“ и излегувањето од групата е луд потег. Среќа е што јас се одлучив да ризикувам и да излезам. Горд сум на себе што се однесува на тоа“, вели Стјепан.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, Лука има план да се посвети на семејниот живот
Инаку,. “Ту челост“ издадоа четири албуми свирејќи обработки на добро познати песни од поп, рок, класичната и филмската музика. Дуетот настапуваше ширум светот, а имаа неколку гостување и во американски тв серии.