Повеќе од 150 македонски туристи повеќе од 6 часа се заглавени на скопскиот аердром, зашто компанијата „Онуе ер“ не долетала во Скопје за да ги превезе патниците до Хургада, објави Пресинг ТВ.
Патниците со кои телефонски се разговараше беа изреволитирани и рекоа дека заради малтретирањето размислуваат да поднесат тужби против агнециите.
На скопскиот аердром групата, која е прва тура за Хургада во новата туристичка сезона, дошла околу во 02 часот по полноќ, по што авионот на „Онур ер“ требал да полета за Хургада. Но, авион од тогаш нема.
„Повеќе од 6 часа сме на аеродром. Некои се со деца. Смрзнати сме од климите. Најлошо е што компанијата со која треба да летаме „Онур ер“ ветила дека ќе испрати друг авион, од Анталија, но тој го нема на списокот за полетување“ – вели за Пресинг ТВ Гордана.
Инаку, агенцијата ги информирала патниците дека имало технички проблем со авионот и чекале да стигне нов. Летот требало да биде реализиран еден час по полноќ, а според последната информација, тие треба да полетаат во 10 и 40 утринава.