Американецот Ендру Чарл Шиналт од Флорида е приведен во полиција затоа што наводно ја усмртил својата девојка со пиштол за задоволување, за време на секс, пренесува британски „Сан“.
Ендру на полицијата им рекол дека додека се забавувал со својата девојка Палома Вилиамс, случајно ја усмртил.
Тој изјавил дека веднаш ги повикал родителите да му помогнат. Осомничениот бил уапсен за убиство. Неговата девојка имала рана на градите и веднаш била пренесена во болница, каде подоцна и подлегнала на повредите. Ендру на полицијата им кажал дека двајцата биле под влијание на дрога, кога се случила незгодата.
Ендру смета дека Палома го олабавила безбедносниот затворач, додека си играла со пиштолот, а тоа и го кажал и на полицијата. Службите не веруваат во неговите изјави, пишува британски „Сан“.