Страшна несреќа се случи на скопската обиколница кај Радишани, кога се судриле два камиони.
Според првичните информации, од едниот камион се извлечени татко и дете, и, тие се во стабилна состојба. Од силината на ударот, предниот дел на товарното возило кое удрило во другиот камион е целосно уништен.
На Ѕидот на сообраќајниот срам се појавија фотографии од несреќата, а член на групата кој бил на местото на несреќата вели дека учествувале два камиони кои се судриле еден со друг.
– Шоферот и совозачот (дете од 10 години) приклештени од ударот не можат да мрднат (воланот беше буквално кај вратот на шоферот), не беа повредени лошо но беа многу незгодно заглавени ….Викнав полиција , пожарна и брза помош веднаш ….вели сведокот и додава дека е разочаран што многу возила не застанале да помогнат иако се обидувал да ги запре за помош.
Вели први на помош биле група “волци” или “тигри” во полициско возило кои запреле од другата насока од автопатот.