ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ- ТЕТОВО: Доктори вонредно биле повикани да помагаат

by Тони Зографски

Тешка сообраќајка се случи на автопатот Скопје-Тетово, а четири лица се повредени.

Неколку возила  се судриле кај селото Ласкарце, а неофицијално две лица се тешко повредени.

Неприлагодена брзина и престигнување е најверојатната причина за сообраќајката.

Тешко повредените лица биле пренесени на скопските клиники каде вонредно биле повикани доктори во Клиничкиот центар да им помогнат.

За потсетување, на патот кај Ласакрци во февруари се случи голема автобуска несреќа во која загинаа 16 лица.

останати вести