Унгарските новинари и овојпат го ,,пронајдоа“ Никола Груевски како ужива во друштво на неколку мажи со чаша вино на брод на Дунав крај Будимпешта.
Груевски дури и позира, па се чини дека е сосема свесен дека е фотографиран и дека оваа негова фотографија ќе предизвика внимание во Македонија.
Унгарските новинари не престануваат да го следат движењето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Изминататите денови тој имаше наводна тајна средба со унгарски дипломат во стан за изнајмување, чие присуство беше забележано од камерата на новинарот на порталот 444, Петер Ердеј.
Груевски не сакаше да коментира и цело време повторуваше дека нема да дава изјави, по што замина со возило со германски регистерски ознаки, во придружба на телохранител и возач.