Младата селекција на фудбалскиот клуб Бешикташ (родени 2003) учествуваше на турнир на Родос, и по добрите настапи и резултати, децата си викнале проститутки за да прослават. Тие тоа не го ни криеле, па проститутките си ги одонеле и на појадок во хотелот.
Тие своите љубовни авантури му ги опишале и на тренерот кој ги викнал на информативен разговор.
Родителите на децата кои не биле замешани во аферата бараат од управата на клубот играчите кои викнале проститутки да бидат избркани од клубот. Но, кога лутиот ривал Фенербахче наслушнал дека дел од младите фудбалери ќе бидат слободни, почнале да преговараат со дел од нив.
Сепак, се претпоставува дека сите деца нема да бидат избркани, туку најталентираните ќе бидат задржани за да не можат да отидат во Фенербахче.