Внуката на премиерот Зоран Заев, Ева Заева пред извесно време на својот Инстаграм профил го покажа својот убавец на две тркала, црвениот мопед “Дукати“.
Под фотографијата на која е облечена во црна кожна јакна и тесни црни панталони таа напиша:
„Фати ме ако можеш“.
Ева веќе подолго време е во врска со Душко Чифлиганец, син на познатиот биснизмен Ванчо Чифлиганец кој е голем љубител на моторцикли.Таа на социјалните мрежи постојано објавува фотографии со своето момче, а најчесто се тоа фотки направени на некое од нивните патувања.
Инаку, внуката на Премиерот Зоран Заев дизајнира свои модни креации, а покрај модата се интересира и за медицината.