Последниве денови диви свињи го нападнаа Белград. Српскиот главен град се соочува со инвазија од диви свињи, кои бегаат пред налетот на надојдените реки поради дождот кој паѓаше интензивно деновиве. Водостојот на Дунав го поплави Военото острово, природен резерват на диви свињи, па овие животни во стада се видени на повеќе локации низ центарот на Белград.
На Земунскиот кеј синоќа биле фатени три диви свињи од страна на ловечките друштва „Земун“ и „Ветерина Београд“.
Медиумите, исто така, објавија дека една дива свиња настрадала во центарот на Белград. Имено, откако таа рано утрово влегла во јавна гаража, работниците од паркинг службата се обиделе да ја избркаат, при што животното скокнало преку ограда на шестиот кат и угинало.
Еден вепар пак, се обидуваше да се искачи низ ѕидот на Калемегдан. Друг си шеташе спокојно во еден мексикански ресторан.
Жителите на Белград добиваат препораки како да се однесуваат ако се сретнат очи в очи со овие животни. Ветеринарни екипи ги бркаат низ Белград, Земун и Нов Белград, каде што се видени повеќе диви свињи, сами или во стада.
Ljudi, ovo je postalo mnogo ozbiljno! Ne idite danas na Kalemegdan! Ima ih i na Obilićevom vencu! #divljesvinje #beograd #Srbija #kalemegdan pic.twitter.com/iFU3mfIKCM
— Nevidljivi_svedok (@NevidljiviS) June 8, 2019