Ракометарите на Вардар вторпат во клупската историја ја освоија титулата во Лигата на шампионите, по онаа во 2017 година.
Пред две години Столе Стоилов првпат го крена победничкиот пехар како капитен на скопски Вардар. Потоа доби своја улица во до ресторанот „Рустикана“.
Сега улицата „Столе Стоилов 5“ е проширена и надградена во Булевар Столе Стоилов 5.
Соседите со кои до денеска живееше во иста зграда во Скопје, на Игор Карачиќ му приредиле пречек каков што заслужува.
Тие на двете влезни врати од зградата залепиле прекрасна порака за ракометарот.