ЈА РАСТУРИЛ АПСОЛВЕНТСКАТА ЗАБАВА: Му пречела музиката, па отишол да се тепа

by Тони Зографски

Во селото Марино дошло до инцидент за време на апсолвентска прослава. Според пријавата до МВР, 22-годишник од селото во дворот на својата куќа организирал апсолвентска забава заедно со уште пет други лица.

Притоа неговиот 65-годишен сосед започнал вербална расправија, по што заедно со уште едно лице, влегле во дворот и со метален предмет му се заканувале на 22-годишникот и неговите гости поради наводно пуштање на гласна музика.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

останати вести