Антониа се струполи на сцената, но продолжи да пее (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Младата македонска пејачка Антониа Гиговска за време на својот настап на првата полуфинална вечер од музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“ имаше мала незгода. Имено, таа се сопна од една од танчерките и падна на сцената, но не се збуни и продолжи повторно  да продожи да пее.

„Кога можеше Бијонсе да падне, можеш и ти. Најважно е што продолжи да ја пееш, најтешката песна. Ти честитам на твојата нова песна, мојата ќерка и јас често ја слушаме. Ти честитам на тебе и Тамара за пласманот на Евровизија, бевте прекрасни, тоа е голем успех за Македонија, јас со целото срце покрај Невена навивав и за вас“ – искоментира Гоца Тржан.

Освен жирито и публиката ја поддржа Антониа и таа си обезбеди влез во финалето.

 

останати вести