ЈА ПРОСЛАВИ ТИТУЛАТА СО ЖЕНА МУ: Вардарецот Мораеш од Келн право на плажа (ГАЛЕРИЈА)

by Тони Зографски

Довчерашниот ракометар на Вардар, Бразилецот Рожерио Фереира Мораеш кој поради приватни причини остана во Келн и не дојде на прославата на вардарци во Скопје не крие дека ужива во животот со својата сопруга Керстин која е медицинска сестра.  По финалето тој остана во Келн, но замина и во Бразил каде веднаш се упати на плажа со својата сопруга и да се одмори од напорното финале и заслужена титула.

Доказ дека парот обожува да ужива на плажа и во вода се нивните фотографии од различни егзотични дестинации низ целиот свет, а она што најмногу им остава впечаток на сите е неговата сопруга која е вистинска природна убавица.

Инаку, Мораеш  кој е еден од најзаслужните за големиот успех на Вардар беше избран за најдобар кружен напаѓач на турнирот во Келн, благодарение на шесте гола во финалето и тоа против својот иден тим Веспрем.

останати вести