Утринава околу 7:50 авион ербас А320-232 на Туркиш ерлајнс, на лет од Истанбул за Дубровник, пријавил проблем на хидрауличниот систем на тркалата при слетувањето во Дубровник, јавува Авиорадар.
Сите итни служби веднаш биле ставени во состојба на готовност. Авионот безбедно слетал во 7:50 и нема потреба од реагирање на службите.
Како што јавува Авиорадар, пријавено е дека авионот слетал со отворени врати на багажниот простор.